Манчестер јунајтед планира да го направи Погба најплатен фудбалер во Премиер лигата

Поради Погба на преговарачка маса ќе седнат Мино Рајола и Флорентино Перез/ септември 2021 година/ фото: EPA-EFE/Andrew Yates

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед сака да го задржи Пол Погба на „Олд трафорд“ и подготвува терен за нов договор со францускиот репрезентативец, пишува британски „Експрес“.

Враќањето на Кристијано Роналдо треба да има големо влијание на одлуката на Погба да остане на „Олд трафорд“ бидејќи тимот со Португалецот веднаш стана инстант фаворит за титулата.

Главен адут на управата на Јунајтед во преговорите со Погба е висината на плата, односно намерата на „црвените ѓаволи“ да му понудат четиригодишен договор кој ќе му носи по 400.000 фунти неделно.

Доколку прифати, Погба ќе стане најдоброплатен фудбалер во историјата на Премиер лигата.

За да се реализира ова сценарио, Јунајтед ќе мора да продаде некој играч во зимскиот преоден рок, а прв на листата за отстрел е Ентони Марсијал. Доколку се ослободат од Марсијал, Јунајтед ќе има на располагање дополниелни 250.000 фунти колку што изнесува неделната плата на Французинот кој ретко добива шанса оваа сезона.
Според актуелниот договорот кој му истекува идното лето, Пол Погба има неделна плата од 290.000 фунти.

Видео на денот