Манчестер јунајтед одлучи Погба уште две години да остане на „Олд трафорд“

EPA-EFE/Peter Powell

„Црвените ѓаволи“ ја активираа клаузулата во договорот со која автоматски се продолжува соработката со Пол Погба до 2022 година.

Доколку не ја активираше клаузулата, Манчестер јунајтед ќе го загубеше францускиот репрезентативец идното лето.

Оваа сезона Погба се најде во првиот тим на Јунајтед на сите три натпревари во Премиер лигата што беше најава дека челниците на екипата ќе ја активираат клаузулата.

Погба за време на натпреварите во Лигата на нации изјави дека преминувањето во Реал Мадрид би било остварување на сонот.

Но, британските медиуми објавуваат дека одлуката за продолжување на договорот со Погва за уште една сезона, е донесена пред тој коментар на францускиот репрезентативец.

Погба во 2016 година се врати во Манчестер јунајтед откако четири сезони го носеше дресот на Јувентус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот