Манчестер јунајтед на продажба? Вредноста на гигантот е проценета на шест милијарди фунти

Навивачите на Манчестер јунајтед бараат заминување на сопствениците на клубот, американското семејство Глејзер/фото: EPA-EFE/PETER POWELL

Се чини дека на „Олд Трафорд“ ќе се случат радикални промени. Според „Индипендент“, продажбата на Манчестер јунајтед наскоро би можела да се случи и тоа во најскапата трансакција во историјата на клупскиот спорт, вредна шест милијарди фунти.

Браќата Глејзери долго време се под притисок на англиската јавност да го продадат клубот, поради лошото управување во последните години.

Иако таквата можност беше поголема минатата сезона, поради очајните резултати од почетокот на натпреварувачката година, се чини дека созреа опцијата според која Јунајтед би добил нови сопственици.

Врз основа на сознанијата на „Индепендент“, браќата Глејзери очекуваат понуда од шест милијарди фунти која би ги исполнила нивните очекувања.

Џим Ретклиф беше меѓу првите кои се вклучија во можноста за продажба на Јунајтед. Неодамна тој се обиде да го купи Челси, но неговата понуда ги проби роковите поставени од една банка која се занимаваше со продажба на клубот, откако Роман Абрамович реши да го напушти лондонскиот гигант.

„Индепендент“ дури пишува дека ситуацијата би можела да биде појасна во следните 24 часа, иако е тешко да се очекува, како што најдобро се виде на примерот на Челси, дека продажбата на таков гигант како Јунајтед може да биде завршена за релативно краток период.

Илон Маск на Твитер напиша дека го купува Манчестер Јунајтед, па објасни дека се шегувал

Јунајтед со вклучи во трката за потписот со Обамејанг

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот