Манчестер јунајтед на мета на хакерите, бараат милиони за да не објават вредни документи

Англискиот тим се наоѓа под голем напад на хакери кои го пробиле комјутерскиот систем, пренесуват англиските медиуми и поради тоа може да западне во дополнителни проблеми според американските и британските закони. 

Клубот веднаш побарал помош од експерти да се одбрани од нападот, но веќе било предоцна бидејќи наводно хакерите украле огромен број податоци од членовите на Јунајтед.

Медиумите објавија дека хакерите бараат милионска отштета, а клубот може да западне во големи проблеми со американските и британските власти доколку се согласи да ја плати сумата.

Иако е англиски тим, акциите на Манчестер јунајтед се тргуваат на њујоршката берза, а тоа значи дека подлежат на американските закони. Во нив пишува дека на секое правно лице кое се наоѓа на берзата му се заканува казна до 20 милиони долари доколку го плати откупот на сајбер криминалците, а посебно доколку се утврди дека тие се од Русија, Иран или Северна Кореја. Тоа според американските закони се смета како помош на криминалците да продолжат со својата работа.

Од друга страна, според британските закони, Манчестер јунајтед може да биде казнет со дополнителни 18 милиони фунти доклку се докаже дека се украдени податоци од британски државјани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот