Манчестер јунајтед ја одреди цената за Пол Погба

Нема никакви најави за продолжување на договорот на Погба со Јунајтед/Фото: EPA-EFE/Michael Regan/POOL

Францускиот интернационалец Пол Погба, кој моментно со репрезентацијата настапува на Европското првенство, би можел да го напушти Манчестер јунајтед ова лето.

Погба веќе некое време се поврзува со трансфер во неговиот поранешен клуб Јувентус. „Старата дама“ е заинтересирана за играчот од средниот ред, но нема да биде лесно да се добие неговиот потпис.

Имено, Јунајтед ја одреди цената за Погба и бара околу 80 милиони евра за неговите услуги, без оглед на тоа што неговиот договор истекува следното лето.

Дури се споменува и можност за размена меѓу клубовите, според која Погба би се вратил во Торино, а Кристијано Роналдо во Манчестер, каде што исто така имаше големи успеси.

Што се однесува до Погба, тој често беше критикуван на „Олд Трафорд“, додека за Јуве играше од 2012 до 2016 година и освои четири титули во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот