Манчестер јунајтед има нов газда?

twitter/manchester unitedfansnews

Сензационалната вест во фудбалот денеска доаѓа од Саудиска Арабија, Манчестер јунајтед има нов сопственик. Еден од претставниците на Владата, Моаид Махџуб на својот профил на Линкедин, објави дека инвеститор од Саудиска Арабија откупил мнозински пакет на акции на Манчестер јунајтед.
Веќе неколку месеци се шпекулира дека кралското семество на чело со принцот Мохамед бин Салман сака да го купи Манчестер јунајтед од семејството Глејзер за сума од нешто повеќе од три милијарди фунти.

Американското семејство Глејзер за 800 милиони фунти во 2005 година ги купи Манчестер јунајтед, а доколку денешната вест е точна, тогаш заработката ќе биде неколкукратна. Тежина на информацијата дава и тоа што членот на управата на „црвените ѓаволи“, Ричард Арнолд се наоѓа во Саудиска Арабија, но се уште нема официјална потврда од „Олд трафорд“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот