Манчестер јунајтед го продава Погба за „само“ 50 милион фунти?

twitter.com/ManUtd

Погба од септември 2019 година одигра само 71 минута поради повреда на десниот зглоб, а уште не е познато кога би се вратил на терените.

Манчестер јунајтед би можел да биде принуден да го продаде Пол Погба наредното лето и тоа само за 50 милиони фунти, пренесува „Дејли Мејл“.

Главен кандидат за потписот на францускиот интернационалец е Реал Мадрид, но не сака да го плати повеќе од 50 милиони фунти.

Погба од септември 2019 година одигра само 71 минута, поради повреда на десниот зглоб, а уште не е познато кога би се вратил на терените.

Се поставува прашање дали Погба ќе се опорави до крајот на сезоната и дали повторно ќе настапува во дресот на „црвените ѓаволи“…

Манчестер има опција да го продолжи договорот на Погба на додатни 12 месеци, но не се знае дали тоа ќе го направи, бидејќи играчот не е задоволен во клубот.

Претходно братот на Пол Погба, Матијас, истакна дека Пол сака да го напушти клубот од „Олд Трафорд“. Истовремено, агентот на фудбалерот, Мино Рајола, повторно е во центарот на вниманието и уште еднаш предизвика реакции околу статусот на играчот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот