Манчестер јунајтед без Роналдо за мечот против Атлетико Мадрид

И натаму е неизвесно дали Кристијано Роналдо ќе остане во Манчестер јунајтед/Фото: EPA-EFE/TIM KEETON

Кристијано Роналдо не е во составот на Манчестер јунајтед за пријателскиот натпревар в сабота (13.45 часот) против Атлетико Мадрид во Осло, Норвешка.

Според британските медиуми, Роналдо ја повторил желбата да го напушти Јунајтед и ја разгледува опцијата да се врати во својот поранешен клуб Спортинг Лисабон.

Мотивирачки фактор за Роналдо е преселбата во клуб од Лигата на шампионите за да може да го зацврсти своето место како најдобар стрелец во натпреварувањето.

Роналдо моментно е прв стрелец со 140 гола во ЛШ, што е 15 повеќе од Лионел Меси, а на делба на третото место се Роберт Левандовски и Карим Бензема со по 86.

Агентот на Роналдо, Жорге Мендеш разговарал со Спортинг со цел да се најде излез од „Олд Трафорд“.

Составот на Манчестер јунајтед за контролниот меч со Атлетико: Де Геа, Хитон, Ковар, Далот, Лерд, Линделоф, Мегвајер, Маласија, Мартинез, Телес, Ериксен, Фернандеш, Фред, Гарнер, МекТоминеј, Пелистри, ван де Бек.

Роналдо бесен како никогаш: Само продолжете да лажете за мене

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот