Манастирлиу со силен апел: Патриот е оној кој во ова време останува дома

Поради влошената епидемиолошка состојба во земјата, албанската министерка за здравство и социјална заштита,Огерта Манастирлиу упати апел за строго почитување на мерките и препораките за заштита посочувајќи дека „ партиот е оној кој ќе остане дома”.

Апелот на министерката доаѓа пред престојните празнувања,како што се денот на независноста на Албанија и денот на ослободувањето во Втората светска војна.

-Ние многу добро ја разбираме желбата за славеење, особено ноемвриските празници. Но, годинава, овие празници не наоѓаат пред здравствен предизвик што се случува еднаш во еден век. Патриот денес е оној кој останува дома, за да го заштити сопственото и здравјето на семејството, роднините, пријателите. Ќе дојде време кога, меѓу нашите најголеми победи, ќе биде и победата што заедно ќе ја оствариме во битката за здравјето,рече Манастирлиу.

Во меѓувреме Министертвото информираше дека во последното деноноќие опасниот вирус е дијагностициран кај 644 лица но оти и бројот на направените тестови е помал споредно со претходните денови. Сепак процентот речиси е идентичен или 30 отсто од тестираните.

Во последните 24 часа починати се осум лица од 48 до 73-годишна возраст, оздравени се 365 а во трите ковид болници се третираат 461 пациент што е највисока бројка на хоспитализирани до сега.

Според министерството до сега направен се 179.842 тестови, позитивен резултат е добиен кај 34.944, оздравеле 17.031, активни на болеста се 17.710, додека починале 743 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот