Манасков: Сите ме прифатија добро во Вардар, мило ми е што по неколку години ќе играм на Струшкиот турнир

Дејан Манасков на подготовки со Вардар/фото: РК Вардар 1961/Денис Дуковски

Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 иако нема да игра во Лигата на шампионите поради суспензијата од ЕХФ, го засили тимот со репрезентативното крило Дејан Манасков. Манасков по пет години поминати во Веспрем, си замина од унгарскиот тим и потпиша за Вардар.

– Веќе неколку денови тренирам со екипата, добро се вклопив, доста од играчите ги познавам од претходно така што не беше тешко. Сите ме прифатија добро и се подготвуваме за почетокот на сезоната. Не очекува јубилејниот 50. турнир во Струга, ќе ми биде драго што по неколку години ќе играм таму. Се работи за квалитетен турнир кој ќе претставува генерална проба за тоа што не очекува во сезоната. Ќе го искористиме максимално овој период за да бидеме подготвени за дуелот на 23. август против Нексе. Играме дома, ќе одиме на победа и сакаме да се пласираме на завршниот турнир – изјави Манасков.

Вардар од 16 до 20 август ќе биде дел од традиционалниот Струшки ракометен турнир кој годината слави јубилеј 50-то издание. Покрај Вардар во Струга ќе настапат и екипите на Алкалоид, Целје Пивоварна Лашко, Бутел Скопје, Еурофарм Пелистер, Татран Прешов, АЕК Атина, Струга и Бутел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот