Манасков се „распука“ пред мечот со Вардар

twitter.com/telekomveszprem

Дејан Манасков беше најзаслужен за осмата победа по ред во најсилниот унгарски шампионат остварена на домашен терен денеска против Ѓонѓоши со резултат 34:27 (19:15)

Нашето лево репрезентативно крило беше прв стрелец со 11 голови и го очекува во една одлична форма македонскиот и европски шампион Вардар наредниот викенд.

В сабота ќе се игра мечот од петтото коло во групата „Б“ помеѓу Веспрем и Вардар, а според најавите сите влезници за оваа пресметка се продадени, па така се очекува една „пеколна“ атмосфера во Веспрем арената.

На табелата во унгарското првенство лидер е Веспрем, а во групата „Б“ од ЛШ се наоѓа на четвртото место со четири бода, два помалку од третопласираниот Вардар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот