Манасков: Поради поразите, Вардар ќе биде мотивиран

twitter.com/telekomveszprem

Сезонава Вардар игра доста променливо и во последните две кола доживеа два порази од Киелце и од Брест Мешков.

Сепак, македонскиот репрезентативец и поранешен член на Вардар, Дејан Манасков, смета дека не смее да се потценат „црвено-црните“ иако се наоѓаат во лоша серија и свесен е дека неговиот Веспрем го очекува тежок натпревар.

– Натпреварот во Скопје е многу важен за нас. Тие загубија некои средби на домашен терен, но токму поради тоа Вардар ќе биде дополнително мотивиран. Салата ќе биде преполна, така што ќе биде убава атмосфера за игра. Мораме да се сконцентрираме на нашето издание, да не размислуваме многу за противникот бидејќи ако играме како што знаеме, верувам дека ќе победиме – изјави Манасков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот