Манасков најдобар стрелец во контролниот меч за Веспрем

манасков
Дејан Манасков не планира да игра за Динамо Букурешт/Фото: facebook.com/veszpremhandballteam

Екипата на Веспрем ги стартуваше подготовките за новата сезона, а формата ја темпира и преку одигрување на пријателски натпревари.

Денеска ракометарите на тренерот Давид Дејвис во првиот контролен меч загубија изненадувачки од Татабања со резултат 31:33 (15:17).

Најефикасен во редовите на Веспрем беше македонското лево репрезентативно крило Дејан Манасков со шест погодоци. Следува Ненадиќ со пет голови, а по четири реализираа Омар и Штрлек.

Потсетување дека Веспрем во Лигата на шампионите се најде во групата „Б“ со Барса, Кил, Алборг, Нант, Мотор, Целје и ППД Загреб.

Првиот меч Унгарците ќе го имаат на 16 септември на гостувањето во Франција кај Нант на нашиот Кирил Лазаров.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот