Манасков на фајнал фор, Кире извиси

EPA/GUILLAUME HORCAJUELO

Крилото на македонската репрезентација, Дејан Манасков ќе биде дел од фајнал фор турнирот во Келн откако неговиот Веспрем и во вториот натпревар го совлада Фленсбург.

Унгарскиот тим ја оправда улогата на фаворит, и по победата од 28:22 во првиот натпревар, сега пред своите гледачи со триумф од 29:25 го прослави пласманот на фајнал фор турнирот во Келн.

Македонскиот репрезентативец во победата учествуваше со еден постигнат гол, додека најпрецизен беше Гајиќ со шест постигнати голови, а Нилсон даде еден помалку. Во редовите на германскиот тим, Ване постигна седум голови.

Кире Лазаров, оваа година нема да биде дел од завршниот турнир. Барселона се покажа како непремостлива пречка за Лазаров и неговиот Нант. Каталонскиот тим и во вториот натпревар оствари победа, овој пат со 29:26 и со вкупен резултат 62:51 го визира билетот за Келн.
Лазаров постигна три гола за Нант, а најдобар на теренот беше Ласе Андерсон кој за Барселона даде пет гола.

Екипата на Вардар има голема шанса да игра во Келн, „црвено-црните“ утре му гостуваат на ПИК Сегед кого минатата недела во Скопје го совладаа со убедливи 31:23. Во последното четвртфинале се среќаваат ПСЖ и Виве Киелце и предност има полскио тим го во првиот натпревар победи со 24:34.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот