Манасков ја наполни мрежата на Спартак Москва! (ВИДЕО)

twitter.com/telekomveszprem

Денеска во својот шести натпревар од сезоната во СЕХА Газпром лигата Веспрем на домашен терен со 37:32 (17:13) славеше против Спартак Москва.

Нашето лево репрезентативно крило Дејан Манасков беше прв стрелец во редовите на унгарскиот клуб со 10 голови, зад него беа Хорнјак и Мачковшек со по шест погодоци.

На спротивната страна за рускиот претставник со осум погодоци доминираше Рјабов.

На табелата во групата „Б“ води Веспрем со 15 бодови, а наредниот меч во регионалното натпреварување ракометарите на Дејвис ќе го имаат на 19 ноември дома против Металопластика.

Воедно нашиот интернационалец Манасков го имаше и најдобриот гол на мечот:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот