Манасков и Веспрем „газат“ шампионски во Унгарија

Фото: EPA-EFE/GUILLAUME HORCAJUELO

Иако после првите 30 минути водеше гостинот минимално со 13:14, вистинска доминација на домаќините во второто полувреме кое го добија со дури 22:10.

Најефикасни во победничките редови беа Драган Гајиќ со девет и Петар Ненадиќ со шест голови.

Зад нив во листата на стрелците беше македонското лево репрезентативно крило Дејан Манасков кој запиша четири погодоци, сите реализирани во текот на второто полувреме.

На спротивната страна доминираше поранешното шпанско дуо на Вардар, Жоан Канелјас (седум голови) и Хорхе Македа (пет), колку што имаше и Дмитри Житников.

Веспрем е многу блиску до својата 26 шампионска титула, вториот дуел е најавен за в недела со почеток од 18:00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот