Манасков и Веспрем „фуриозно“ пред дуелот со Вардар – Слободен печат
РакометСпорт

Манасков и Веспрем „фуриозно“ пред дуелот со Вардар

После двата порази од Кил и Монпелје, унгарскиот ракометен гигант не смееше да си дозволи уште еден...

Денеска во рамките од четвртото коло од Лигата на шампионите на домашен терен екипата на Веспрем убедливо со 38:28 го совлада Порто.

Најефикасен кај домаќините беше Нилсон со осум голови, два помалку запиша Ненадиќ, а нашиот репрезентативец Дејан Манасков имаше еден погодок.

За португалскиот претставник шест голови забележа Итуриза Алварез, а четири беа дело на Мбенге.

На табелата во групата „Б“ води Кил како единствен без пораз со седум бодови, по шест имаат Монпелје и Вардар, по четири Веспрем и Порто, три има Келце, два Мешков Брест, а на дното е Мотор Запорожје.

Во наредното петто коло Веспрем е домаќин на македонскиот и европски шампион Вардар на 19 октомври.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close