Манасков: Чекор по чекор, немаме многу тешка група на ЕП!

twitter.com/telekomveszprem

Македонското лево репрезентативно крило за официјалниот сајт на Европската ракометна федерација (EHF/Amina Idrizi) ги сподели очекувањата во пресрет на континенталниот собир 2020 кој што ќе се одржи во три земји (Австрија, Шведска и Норвешка).

Нашата селекција се наоѓа во групата „Б“ која ќе се игра во Виена, ривали ни се домаќинот Австрија, потоа Чешка и Украина и првопласираните две репрезентации ќе одат во главната фаза.

Првиот меч „црвено-жолтите“ предводени од селекторот Данило Брестовац ќе го имаат на 10. јануари против Украина (20.30 часот), два дена подоцна против Чесите (18.15 часот), а на 14. јануари против Австрија (20.30 часот).

Дејан Манасков, играчот на унгарскиот клуб Веспрем, вели дека постојат добри шанси за учество во вториот круг, а таму ќе се најдат и двете најдобропласирани од групите „А“ и „Ц“. Во „А“ групата се Хрватска, Белорусија, Црна Гора и Србија, а во „Ц“ групата Шпанија, Германија, Летонија и Холандија.

– Ќе учествуваме со помлад состав и на некои од играчите ќе им треба време да се адаптираат во тимот. Сите сме оптимисти и иако првиот впечаток е дека немаме многу тешка група, ќе одиме чекор по чекор и нема да ги потцениме нашите противници. Се надевам, дека со помошта од нашите навивачи, ќе се најде на една од првите две позиции во групата – вели Манасков за сајтот на ЕХФ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот