МАН: Собранието да ги избере новите членови во Советите на МРТВ и на АВМУ преку постоечкиот закон

Не сме изненадени од обидот на власта за партиска контрола врз медиумите во Македонија и со загриженост го следиме процесот за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги што е инициран од група пратеници од власта, реагираат од Македонската асоцијација на новинари (МАН).

– Во овој предлог се бара изборот на членови на Програмскиот совет во МРТ и во Советот на АВМУ во Собранието на РСМ да биде со 61 пратеник, односно мнозинство гласови од вкупниот број пратеници, наместо со двотретинско мнозинство, како што е тоа уредено со постоечката регулатива. Дека власта сака целосна партизација на МРТВ и АВМУ покажува и фактот дека крајно нетранспарентно, без одлука на Собранието, владеачките пратеници самостојно одлучија да го поништат претходниот конкурс за избор на членови на Советите на МРТВ и АВМУ, стои во соопштението на МАН.

Од МАН укажуваат на неопходноста за избор на нови членови во советите преку постоечкиот закон во Собранието, пред евентуално да се размислува за какви било промени во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

– Измените во Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги не е само желба за контрола врз МРТВ и Агенцијата за медиуми, туку обид за контрола врз сите медиуми во Македонија со просто мнозинство од 61 пратеник, бидејќи токму АВМУ е надлежна за контрола на нивното работење. Принцип е кога се менува закон со кој одлуки се носат со двотретинско мнозинство и менувањето на тој закон да е со двогтретинско мнозинство. Ако мнозинство со 61 глас одлучува за сите медиуми во државава, тоа е партиска одлука од интерес за само една политичка страна, а тоа е страната на власта, истакнуваат од МАН.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот