Мамин син: На американски боксер тренер му е неговата мајка

Денис Даглин е 32-годишен американски боксер чиј прекар е „Мамин син“, во буквална смисла го оправдува прекарот бидејќи тренер му е неговата мајка.

– Велат дека на секој боксер му е потребен тренер кој постојано ќе се грижи за него, кој ќе се погрижи да не „забушавате“, а сепак нема да ве претренира. Кој е подобар од сопствената мајка во тоа, кој ви поблизок од неа? Мајките секогаш ви го посакуваат најдоброто и ве сакаат највеќе на светот. Токму тоа јас го имам во својот корнер, а никој друг го нема. Ние двајца напорно тренираме, таа не сака никој да ме победи и ме учи на се како да останам безбеден – вели Денис Даглин.

 

Даглин во амаерска конкуренција имаше одлична кариера, оствари 95 победи и само девет порази, а успеа да ја освои и познатата „златна ракавица“. Неговата мајка Сафија Даглин вели дека никогаш не сакала од нејзиниот син да направи боксер, туку го учела како да се брани.

– Денис многу млад започна да вежба боречки спортови и не му одеше најдобро на почетокот. Тој почна да вежба за да научи како да се брани. Затоа и го учев да боксува, да се брани, а не да стане професионален боксер. Тој дури и не го сакаше боксот, но откако му одеше се подобро и подобро – го засака овој спорт и заедно го пропатувавме целиот свет – вели Сафија Даглин.

Денис во професионалната кариера не е толку успешен како аматер, има скор од 22 победи и 17 порази, а е единствен боксер во светот кој е трениран од страна на сопствената мајка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот