Мамер: Планираме дијалог со АстраЗенека за решавање спор за испораката на вакцини
Договорот за набавка на вакцини предвидува дека секоја од страните може да испрати покана до другата да преговара во рамките на механизмот за решавање на спорот.
Преговорите се очекува да траат 20 дена од поканата.
– Целта на овој процес е да се постигне решение со добра волја што ќе одговара на двете страни, рече портпаролот Стефан Де Кирсмаекер.
Британско-шведската фармацевтска компанија „АстраЗенека” со договорот се обврза за испорака на 90 милиони дози на Европската унија во првиот квартал, а потоа прво ги намали на 40 милиони, а потоа на 30 милиони дози, три пати помалку од ветеното.
Во вториот квартал се обврза да испорача 180 милиони дози, а сега најави дека ќе испорача само 70 милиони дози.