Малума за бадијала пристигна во Грција: Му ги откажаа концертите во Солун и Атина!

Поради новите мерки во Грција за превенција од коронавирусот и откажување на културни и уметнички настани со над 1.000 лица, концертите на колумбиската музичка ѕвезда Малума, закажани за 11 март 2020 во Атина и 13 март во Солун, нема да се одржат, потврдуваат организаторите на концертите за дописничката на МИА од Атина.

Колумбискиот пејач е особено популарен меѓу младите, а за концертите во Грција, особено за оној во Солун, имаше организирани тури и од неколку македонски туристички агенции.

– Комисијата на Министерството за здравство на денешниот состанок одлучи да се одложат сите уметнички настани со повеќе од 1.000 лица. Според тоа, двата концерта на Малума на 11 март во Атина и на 13 март во Солун, нема да се одржат. Се очекува известување од менаџментот на пејачот за тоа дали ќе бидат презакажани на други датуми или ќе бидат сосема откажани, соопштија од компанијата задолжена за продажба на билети за концертот.

Организаторите на концертите во Грција велат дека дополнително ќе биде соопштено дали ќе се одредат нови датуми.

Иако концертот во Атина беше закажан за в четврток, Малума веќе се наоѓа во грчката престолнина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот