Малолетно момче и возрасен скопјанец нападнати на автобуска постојка кај Бит-пазар

Фото: Ибрахим Фидан / Google Maps

Малолетно момче од Скопје и 54-годишен жител на главниот град одвоено пријавиле во полиција дека вчеравечер во рок од 15 минути биле нападнати од непознати насилници, соопшти МВР.

„На 12.10.2024 во 19.45 часот во СВР Скопје, Р.Б.(54) од Скопје пријавил дека околу 19.15 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од едно лице“, велат од полицијата.

„На 12.10.2024 во 22.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 19.30 часот на автобуска постојка на подрачјето на Бит Пазар, две лица физички нападнале малолетник од Скопје“, додаваат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на двата случаја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот