Малолетно дете тешко повредено откако автомобил удрил во него

На ул.„Крсте Асенов“ во Скопје, вчера попладне патничко возило „фолксваген џета“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Џ.(46) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје.

Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клинки „Мајка Тереза“.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Во неделата, во страотна сообраќајна несреќа во скопското село Трубарево загина мотоциклист кој прегази 10-годишно дете, кое за жал им подлегна на повредите.

Стравична сообраќајка во Трубарево, загина мотоциклист, тешко повредено 10-годишно дете

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот