Малолетник со нож избоде 19-годишно момче

Македонска полиција/ Фото: Миа

На 01.06.2020 околу 19.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Партизанска“ во Штип, по вербална расправија, 17-годишник од Штип со нож му нанел повреди на Н.А.(19) од Штип, информира МВР.

Н.А. бил пренесен во Клиничката болница Штип, каде му била укажана лекарска помош.

Малолетникот бил приведен и задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот