Малолетник со автомобил излетал од патот, двајца тешко повредени

Фото: Илустрација

Ноќеска во полиција било пријавено дека на регионалниот пат село Неготино- автопат, пред Неготинска клучка, автомобил „ауди А8“, со гостиварски регистарски ознаки, управувувано од 16-годишник од село Градец, излетало од коловозот и удрило во земјен пат.

Во незгодата, совозачот Р.Е. се здобил со тешки телесни повреди, а возачот се здобил со телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Гостивар, каде што биле пренесени за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот