Малолетник се обидел да силува 27-годишна девојка во струшко

Фото: илустрација

Случајот во полиција го пријавил вујкото на девојката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Малолетник од Струшко синоќа се обидел да силува 27-годишна девојка. Случајот во полиција го пријавил вујкото на девојката, а против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти СВР Охрид.

Во ОВР Струга, 42-годишен жител на струшко село пријавил обид за обљуба од страна на малолетник врз негова 27-годишна внука. Во полициската станица Струга, во присуство на родител, со малолетникот бил извршен разговор, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението.

Настанот се случил во домот на девојката, која успеала да се спаси од напаѓачот со викање и побарала помош од соседната куќа, каде живеел нејзиниот вујко. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот