Малолетник од Скопје со тешки телесни повреди, откако во него удрил автомобил

Полиција / Фото: МИА

Во СВР Скопје вчера било пријавено дека на улицата „Љуба Ивановиќ” во Скопје, патничко моторно возило „пежо 108″ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Д.(57), удрило во малолетен пешак од Скопје. Пешакот се здобил со тешки телесни повреди.

Како што информираат од МВР, тешките телесни повреди со кои се здобил пешакот во незгодата, се констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски”.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот