Maлолетник нападнал и ограбил жена во нејзиниот двор

Фото: EPA-EFE/BRENDAN DAVIS

Малолетник нападнал 83-годишна кавадарчанка и и одзел пари, за ова денеска информираше портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски.

Вчера во ОВР Кавадарци, С.П.(83) пријавила дека околу 8.10 часот во нејзиниот двор физички била нападната од еден малолетник, кој и одзел пари. По преземени мерки, малолетникот бил пронајден и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, појасни Додевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот