Пожар во Кочани/ Фото: „Слободен печат“, Слободан Ѓуриќ

Малолетник излегол од дискотеката „Пулс“ кога влегла полицијата – кога се обидел да се врати не успеал поради гужва на влезот

Полициски службеници упаднале во дискотеката „Пулс“ во Кочани само петнаесетина минути пред да избувне пожарот во кој загинаа најмалку 59 лица, а повеќе од 150 се тешко повредени.

Ивица Вучков, чиј малолетен син кобната ноќ бил во кочанската дискотека, за српски Информер изјави дека полицијата извршила рација само петнаесет минути пред да избувне пожарот.

– Син ми беше со другари. Тој бил близу вратата и кога видел дека полицијата влегла он излегол. Тоа беше околу 2:30 – вели Ивица и додава:

– Таму беше со другарите и сакаше да се врати бидејќи девојка му остана внатре, но не можеше бидејќи имало гужва на самиот влез. По пет или десет минути настанал пожарот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот