Малолетник избоден по кавга со група Албанци во близина на мостот на Ибар во Косовска Митровица – Слободен печат
ВестиРегион

Малолетник избоден по кавга со група Албанци во близина на мостот на Ибар во Косовска Митровица

До нападот дошло по вербален конфликт со група Албанци кои го преминале мостот од јужната страна на градот.

Малолетниот Д.Б. (17) од српска националност нападнат е со нож во близина на мостот на Ибар во Косовска Митровица. Според информациите тој е повреден со остар предмет во десната страна на стомакот.

До нападот дошло по вербален конфликт со група Албанци кои го преминале мостот од јужната страна на градот.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најостро го осуди нападот врз Србинот и ги повика правосудните органи брзо да го решат случајот и да ги казнат извршителите онака како што заслужуваат, напиша на својот Фејсбук профил, Харадинај.

На нападот врз малолетникот реагираше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој рече дека инцидентот во Косовска Митровица е лоша вест и лоша работа и дека токму затоа говорел колку е опасно отварањето на тој мост на Ибар, додавајќи дека желбата на Албанците секогаш била северот на Митровица.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close