Малолетник физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ одзел паричник

Македонска полиција / Фото: МИА

Полицијата од ОВР Кавадарци вчера приведе малолетник, кој претходно бил пријавен дека се оддалечил од Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци, а е осомничен дека физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ одзел паричник.

-На 07.06.2023 во 11 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода малолетник од Кавадарци. Тој се сомничи дека претходно физички нападнал жена од Кавадарци и ѝ одзел паричник. Тој , исто така, бил пријавен дека на 30.05.2023 се оддалечил од Мал групен дом при Центарот за социјални работи Кавадарци, чиј штитеник е, соопштија од МВР.

Малолетникот е предаден на социјален работник од Центар за социјални работи Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот