Малолетници и лица без дозвола незаконски ловат на ловиштата во делчевско

Ловџии/илустрација /Фото: МИА
Отсуството на ред и дисциплина за време на ловната сезона во делчевско ја загрозува сигурноста на дел од ловџиите од овој крај, кои обвинуваат за масовен лов со учество на малолетници и возрасни лица без поседување дозвола за оружје. Ваквата појава како што вели претставникот на ловџиите, Голупчо Стоименовски ја окарактеризира целата ловната сезона во делчевско, појава која, според него, во текот на ловната сезона била забележлива на повеќе места во овој крај.
– Во нашиот крај оваа појава е масовна, во габровско, во месноста Буката, во село Град, во Разловци тоа е опасна работа. Не пожелувам на никој, но може ако се продолжи вака, може да се случи истото како што се случи во западниот дел на државава. Овде секој заметнал пушка и оди по месо. Тоа веќе не е спорт, тоа е клисарска работа, вели Стоименовски.
Додаде дека реагирале до Ловното друштво „Острец”, од каде биле известени дека е поднесено барање до надлежните да се превземе нешто во врска со случајот.
– Како ловџија ми е страв да излезам на лов, од сите страни сите носат пушки, секој ден одат малолетници и возрасни, кои од каде наоѓаат пушка и јас не знам, посочи Стоименовски.
Од Ловното друштво „Острец” потврдија дека се запознаени со проблемот, но како што додадоа, совеста кај дел од ловџиите е на многу ниско ниво.
– Повеќето за кои имаме дојава дека вршат незаконски лов се опоменати, но многу е тешко на терен да ги фатиш со друга пушка или пушка од дедо или чичко. Точно е тоа дека татковци водат деца на лов и им даваат пушка во рака. Од наша страна за проблемот е доставен допис до надлежните од Гранична полиција, од каде очекуваме во рамки на нивната надлежност, да бидат преземени мерки против сторителите на ваквите појави, истакнаа од Ловното друштво „Острец” Делчево.
Ловната сезона која завршува на крајот на јануари, според делчевските ловџии може да се оцени како успешна, но како што нагласија, отсуствува ред и дисциплина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот