Малолетници се тепале за девојка на „Џон Кенеди“ во Скопје, завршија во болница

Полиција / Фото: МВР

На 22.10.2021 во 17.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ бил донесен малолетник со телесни повреди од остар предмет.

По преземени мерки било констатирано дека настанот се случил околу 16.00 часот на ул.„Џон Кенеди“, а малолетникот бил повреден од друг малолетник поради расправија за девојка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот