Малолетничка тешко повредена во сообраќајна несреќа во Дебар

Фото: Илустрација

Малолетно девојче е тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила вчера околу 18:45 часот, на улица „Амди Леши” во Дебар, при судир помеѓу патничко возило „Цитроен”, управувано од В.Ц.(38) од Дебар и патничко возило „Опел”, управувано од С.М.(54) од Дебар, двете со дебарски регистарски ознаки.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетната сопатничка од возилото „опел”, констатирани во болницата „Св.Еразмо” во Охрид. Известен е Јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Дебар, наведуваат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот