Малолетничка од Тетово била нападната од поранешното момче

Малолетна девојка во полиција го пријавила поранешното момче поради физички напад и закана со пиштол.

Според пријавеното, настанот се случил во неделата, а полицијата е известена во текот на вчерашниот ден.

– На 20 јануари во 20.15 часот во СВР Тетово, малолетничка заедно со нејзината 46-годишна мајка од тетовска Мала Речица пријавиле дека на 19.01.2022 околу 16.00 часот, по претходна расправија,  била физички нападната од И.Р.(21) од тетовско Камењане, со кого била во љубовна врска, а кој ѝ упатил закана со пиштол, информираа од СВР Тетово.

СВР Тетово работи на целосно расчистување на случајот, при што ќе следи и соодветен поднесок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот