Малолетничка од Лозово физички нападната од четири лица

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

Малолетничка од село Лозово била физички нападната од четири лица – две малолетнички, 19-годишниот Д.Д и 21-годишниот С.Р сите од Црнилиште. Нападот вчера попладнето во 18 часот во Полициската станица во Свети Николе го пријавил татко на нападнатата малолетничка.

– Вчера во 18.00 часот во Полициската станица Свети Николе, 47 годишниот Н.С од село Лозово пријавил дека на 15 септември во периодот од 21.40 до 22.30 часот во неговата куќа во село Лозово, физички била нападната неговата малолетна ќерка од Д.Д и С.Р и две малолетнички, сите од село Црнилиште, светиниколско, се вели во соопштението од СВР – Штип.

За настанот бил информиран и Јавен обвинител, по чии насоки времено е одземен мобилен телефон од една малолетничка во кој се пронајдени снимки од кривично правниот настан. Надлежните од СВР-Штип посочуваат дека се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот