Малолетен пешак повреден во сообраќајка во Скопје

Фото: МИА

Несреќата се случила вчера на булеварот „8 Септември“, во близина на мостот на река Вардар.

Малолетен пешак од Скопје е тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 13 часот  на булеварот „8 Септември“, во близина на мостот на река Вардар.

Камион „мерцедес“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ј.(38) од Скопје, удрило во малолетен пешак од Скопје, при што детето се здобило со тешки телесни повреди, по што е пренесено во Клиничката болница „Систина“ за укажување на лекарска помош, информира МВР.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот