Малојни му се извини на Бајден по изјаваta дека тој нема да се кандидира за втор мандат

Фото: EPA-EFE/WILL OLIVER

Во дебата за прелиминарни конгресни избори на демократите од Њујорк, на прашањето дали претседетелот Џо Бајден треба да се кандидидира за повторен избор, конгресменката Королин Малојни изјави дека таа не верува дека тој ќе оди на реизбор.

Малојни, членка на Претставничкиот дом од 12-от конгресен дистрикт на Њујорк, дебатираше со претставникот Џери Надлер.

Во интервју за Си-ен-ен денеска таа се извини за кажаното, по наплив од критики на нејзина адреса.

„Треба, пред сѐ, да му се заблагодариме на претседателот Бајден со тоа што го победи Доналд Трамп… јас би го поддржалa ако се кандидирa за претседател. Тоа беше мое лично мислење… Господине претседател, се извинувам и треба да се кандидирате, Благодарам претседателе, изјави Мелојни во интервјуто, откако наброја повеќе достигnuvawa на Администрацијата на Бајден во изминатите три години.

Во меѓувреме, во неколку држави како Aризона, Канзас, Мичиген и Мисури на 2 август се одржаа прелиминарни избори од спртивниот, репблиакнски табор, а во наредните три недели такви избори се оддржуваат во уште десеттина други држави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот