Малку поинаков оброк: Печен карфиол со павлака и кашкавал

Доколку го барате совршениот здрав и вкусен оброк, овој рецепт е токму за вас. Нашиот нов предлог е печен карфиол со кашкавал и зачини.

Потребно е:

– 1 килограм карфиол

– 2 јајца

– 300 грама павлака

– 300 грама кашкавал

– 2 моркови

– 1 цвекло

– зачини

– мајчина душица

– магдонос

Подготовка:

Карфиолот и морковот ставете ги во топла вода да се обарат 5 минути. Во павлаката додадете две јајца, исечкајте мајчина душица и ставете зачини, па измешајте. Исецкајте половина од кашкавалот во форма на линии па ставете го во карфиолот само внимавајте да не се раздели карфиолот.

Карфиолот премачкајте го со павлаката и изрендајте кашкавал. Истот направете го и со морковот. Печете на 200 степени околу 30 минути додека да зарумени.

Пријатно јадење!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот