Малку луѓе ја знаат оваа тајна: Еве за што служи овој мал детаљ на вашата јакна (ФОТО)

Instagram/Profimedia

Сигорно сте забележиле дека на повеќето ваши јакни, палта и капути постои една лента и копче на рамената. Можеби сте помислиле дека е тоа уште еден моден детаљ, но вистината е сосем поинаква.

Девојката по име Франческа Хорсбург, напишала на Твитер дека никогаш не ја разбрала потребата на „чудните“ копчиња на рамената од јакните, а потоа сфатилеа дека тие служат за под неа (закопчан) да стои ременот од торбата со цел таа да не ви се лизга од рамената. Нејзината фотографија, која прикажува црвена торба ставена под лентата на капутот, има 160.000 лајкови и споделена е преку 65.000 пати.

Тинејџерката не била единствената која се шокирала од ова откритие. Всушност, многумина коментирале дека досега „живееле во лага“. Некои тоа веднаш го поврзале со војничките јакни кои биле опремени со исти такви копчиња и надградби, под кои војниците ги ставале своите ранци, вреќи со муниција или бајонети.

Тие што биле помалку информирани го имале мнозинството. „Бесмислено помина оваа година“, „Шокирана сум, но сега се има смисла. Секогаш сум мислела дека тие копчиња се само за декорација“ и „Зошто никогаш никој не ни го кажал тоа?“, се само дел од коментарите на изненадените твитерџии.

Дали вие можеби знаевте зошто служи овој детал?

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот