Малите партии бараат од Џафери итно да ја закаже седницата за измените на Изборниот законик

Локални избори 2021 / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

Малите политички партии кои се дел од владината коалиција бараат во најкус можен рок да се закаже пленарна седница и да почне расправата за измените на Изборниот законик. Доставиле и писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Бараат избори со целата држава како една изборна единица, со пропорционален модел и без изборен праг.

Во писмото упатено до претседателот на Собранието, потсетуваат дека Предлог-законот за измени на Изборниот законик е доставен уште на 5 март 2021 година и дека тој е ставен на дневен ред на седницата закажана за 18 мај, но оти досега не е почната расправата.

-Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по Предлог-законот. Инаку, со промените се предлага Република Северна Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг, се наведува во барањето.

Барањето е потпишано од пратениците Павле Трајанов, Маја Морачанин, Моника Зајкова, Боби Мојсоски, Љупчо Балкоски и Бејџан Иљас.

Бараат да се донесе законот во рок од три месеци. Поддршка за изборните реформи ќе бараат од сите пратенички групи и независни пратеници. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како што брифираат иницјаторите на ваквите измени, начелно го поддржуваат предлогот, но ќе го отворат прашањето за изборниот праг.

Една изборна единица извиси од владината програма

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот