Малите од Аеродром беа насочени кон заштита на животната средина во Капитол мол – Слободен печат
ВестиСкопје

Малите од Аеродром беа насочени кон заштита на животната средина во Капитол мол

Во насока на јакнење на јавната свест за заштита на животната средина, НУЛА ОТПАД во соработка со Капитол мол и Општина Аеродром ја организираше „Е-КАПИТОЛИЈАДА“ на која учениците од основните училишта на територија на Општина Аеродром изработија ЕКО маски од електричен отпад и продефилираа на првоаприлското шоу во Капитол мол.

Е-Капитолијадата беше отворена од страна на извршниот директорот на Нула Отпад, Марјанчо Дамески кој се заблагодари на сите креатори на ЕКО маските, на нивната креативност, труд и на посветеноста за придонесување за здрава животна средина. Истото го истакнаа и од Капитол мол кои порачаа дека сите треба да се грижиме за заштита на природата и тоа е најдобро да се почне од млада возраст.

Кампањата е дел од низа на цели кои треба да се исполнат во општеството и заедницата и со тоа да се постават темелите на раст и развој. За остварување на истите може да се очекуваат голем број на уникатни активности и настани од сличен тип.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close