Малиот фан од Јапонија му испрати порака на Новак

EPA-EFE/NEIL HALL

Младото јапонско момче., Коџиро Оваки, на кого Новак Ѓоковиќ му вети дека ќе оди во Токио на ОИ, му испрати порака на најдобриот светски тенисер.

Претходн,о Ѓоковиќ преку видео порака на Коџиро му го честиташе шестиот роденден порачувајќи му дека се надева оти ќе се сретнат во Токио на Олимписките игри. Тоа беше првата порака со која Ѓоковиќ најави дека може да настапи на ЛОИ во Токио, а потврдата дојде само четири дена по триумфот на Вимблдон.

Во желбата да биде првиот тенисер во историјата кој ќе го освои „златниот слем“, односно ќе победи на сите четири грен слем турнири во една година и ќе гоосвои златниот медал на ОИ, Ѓоковиќ на крајот одлучи на настапи на Игрите. Сега на Новак му пристигна порака од младиот Коџиро.
„Ти благодарам Новак поради одлуката да бидеш дел од Олимписките игри поради ветувањето дадено на Коџиро“, ги пренесе зборовите на младиот фан, неговиот татко.

Видео на денот