Малиновски: Наместо да создаваме пара-институции треба да ја јакнеме Антикорупциската комисија

ДКСК/ Фото: mia.mk

За да се зајакне борбата против корупцијата треба да се зајакне позицијата на Државната комсиија за борба со корупцијата, да се прифаќаат нејзините препораки и предлози, а не да се формираат параинституции за кои не се знае ниту каква функција ниту какви ингеренции имаат – вели за „Слободен печат“ поранешниот прв антикорупционер Драган Малиновски.

– Еве, Владата решила да креира позиција „вицепремиер за борба против корупцијата“, но е нејасно каде е Николовски во системот на постапувања и надлежности. Се е тоа импровизација, а во меѓувреме се игнорира она што го имаме како постоечки капацитет – ДКСК. Наместо да ги јакнеме институциите што ги имаме, создаваме некој вид на пара-тела, пара-институции и тука е нашиот проблем – вели Малиновски.

Поранешниот претседател на ДКСК вели дека неспроведувањето на препораките е сериозен проблем и постои голем отпор за промена.

– За да оствариме прогрес треба да се почитуваат препораките на ДКСК и да бидат високо поставени во агендата на државата. Токму ДКСК е телото кое има компетенција и капацитет за да процени дали е нешто согласно антикорупциските политики. Но, кај нас се оди на компензирање при постапувањето по препораките и од самиот почеток има сериозен отпор кај институциите да ја „послушаат“ ДКСК – вели Малиновски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот