Малиќи: Мета пред анкетната комисија е „шоу” на владејачките социјалисти – Слободен печат
ВестиРегион

Малиќи: Мета пред анкетната комисија е „шоу” на владејачките социјалисти

Тој додаде дека „она што денеска се случува е дискриминција на мисијата на Парламентот на Албанија”.

Додека претседателот Илир Мета е на распит пред парламентарната анкетна комисија, која испитува дали има непочитување на Уставот од негова страна, првата реакција доаѓа од независниот пратеник во албанскиот парламент, Лефтер Малиќи. Повикувањето на претседателот од анкетната комисија според Малиќи е „шоу” на владејачките социјалисти.

Соред него, тоа се прави со цел медиумска дискредитација на претседателот. Тој оцени дека доколку Мета не ја повлечел уредбата за локалните избори кои претходно ги закажа за 30 јуни,тогаш во „Албанија ќе имало судири и крвопролевање”.

– Она што ќе го слушнете денеска од Улси Мања (претседател на комисијата) крадецот на гласови во Пешкопеја е „шоу”. Апелирам до меѓународните претставници и чесните социјалисти да ја стопираат оваа авантура, изјави Малиќи.

Тој додаде дека „она што денеска се случува е дискриминција на мисијата на Парламентот на Албанија”.

Инаку, во 10:00 часот претседателот Мета со тројца свои советници влезе во законодавниот дом. Претходно од неговиот кабинет до комисијата, по нејзино барање, беше доставен одговор со образложение на 20 страници.

Ова е првпат во историјста на земјата шеф на државата да се сооочи со анкетна комисија, под обвинение за непочитување на Уставот.

Според тиранската телевизија Топ чанел, соочувањето на Мета со анкетната комисија е „очекуван спектакл”.

Во текот на денов во Тирана ќе допатува делегација на Венецијанската комисија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close