Малик Харис не успеа да ги воодушеви публиката и жирито на Евровизија: Германецот заврши последен

малик харис
Малик Харис / Фото: EPA-EFE

Германија на Евровизија оваа година ја претставуваше Малик Харис. Младиот музичар повеќе од една деценија твори, но тоа се чини не беше доволно да ги воодушеви публиката и жирито!

Харис нема да го памети големото финале по добро.  Тој ја понесе неславната титула и се најде на последното место, со само 6 поени кои ги освои од публиката. Жирито на младиот пејач не му додели ниту еден поен.

Како што одминуваше гласањето, на неговото лице беше видливо незадоволство. Се претстави со песната „Rockstars“ и за време на полуфиналето сите беа воодушевени од неговата изведба, а што се случи во меѓувреме можеме само да претпоставуваме.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Malik Harris (@_malikharris_)

Кој е Малик Харис?

Тој е роден во Ландсберг ам Лех, Германија на 27 август 1997 година. Неговиот татко е Рики Харис, американски ТВ водител и познат актер со седиште во Германија. Харис почнал да свири музика кога имал само 13 години.

Има над 1,5 милиони месечни слушатели на „Spotify“ и е првиот германско-американски уметник кој поминал повеќе од една недела на билборд на Тајмс Сквер во Њујорк. Со неговите први синглови, „Say The Name“ и „Welcome to the Rumble“ постигна голем успех, што доведе до соло турнеја во мај 2019 година.

Малик се натпреваруваше во Германија за да стане претставник на земјата на натпреварот. На 4 март 2022 година, Харис беше прогласен за победник, водејќи со импресивни 23 поени.

Германија на Евровизија

Германија двапати досега победи на Евровизија, во 1982 и 2010 година. Во 1982 година, Германија за првпат победи на натпреварот Харогејт со Никол Зајберт, која ја отпеа песната „Ein bißchen Frieden“. Втората победа на Германија се случи 28 години подоцна на натпреварот во Осло во 2010 година, кога Лена Мајер-Ландрут победи со песната „Satellite“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот