МАЛИ ЖЕНСКИ ТАЈНИ: Овие нешта скоро секоја девојка ги премолчува пред новото момче

врска пар

Кога романсата е на самиот почеток и мажите и жените си премолчуваат или прикриваат одредени нешта.

Некогаш причините се срам или страв, а некогаш само сакаат да ги избегнат како теми за разговор.

Поради овие пет нешта девојките на почеток на врската се доста мистериозни:

Влакна и депилација

Кога се на почеток на врска, многу жени не дозволуваат партнерот да ги види неиздепилирани. Така тој воопшто не ни дознава кои се нејзините најкритични подрачја од телото.

Број на партнери

Ниту девојката ниту момчето ќе го признаат точниот број на партнери со кои биле во животот. А и двајцата се во право – нема потреба од тоа. Токму ова заштедува доста нерви и недоразбирања на самиот почеток.

Принтскринови од пораки

Многу девојки чуваат принтскринови од пораките кои си ги размениле со новото момче. Целта никогаш не е злоупотреба, туку едноставно сакаат да ги зачуваат за себе, но и некогаш да споделат нешто пикантно со својата најдобра другарка.

Колку време се подготвуваат за состанок

Момците не се глупави и забележуваат кога нивната партнерка вложила време за да се среди и дотера, исто како што забележуваат и дека не се ни помачила околу тоа. Сепак, ниту една девојка нема да признае колку време се средувала пред состанокот.

Одење во тоалет

Во почетните фази на врската на многу девојки им е непријатно ако треба да одат во тоалет, особено ако се кај партнерот дома. Некои дури и имаат целосна ментална блокада и воопшто не им се оди во тоалет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот