Мали трикови со чија помош вашата гардероба секогаш ќе биде свежа и миризлива

Сите ние го сакаме мирисот на свежо испраната облека, но за жал, тој не трае долго. Доволно е само облеката да стои малку подолго во гардероберот и мирисот од омекнувачот набрзо ќе исчезне. Но, со овие трикови ќе овозможите мирисот да трае многу подолго.

1. Перете ги алиштата после едно носење

Не е некоја голема мудрост. Облеката треба да ја переме почесто, односно после секое носење, ако сакаме таа да биде свежа и миризлива. Сепак, исклучок се фармерките. Експертите нѐ советуваат дека нив не треба да ги переме често, бидејќи така тие брзо се уништуваат. Исперете ги откако ќе ги носите 2-3 пати.

2. Валканите алишта треба да ги исперете што е можно побрзо

Облеката исперете ја веднаш после носењето. Никако немојте да дозволите да стои со недели во корпата за валкана облека.

Прочитајте и...  Како да одберете совршени праски?

3. Изберете миризлив детергент за алишта

Детергентот за перење алишта е многу важен фактор за квалитетното перење и убавата миризба. Детергентите се разликуваат, но секој има свој фаворит. Исто така, пронајдете и свој омилен омекнувач за алишта кој ќе направи алиштата да мирисаат прекрасно.

4. Нанесете лосион за тело пред облекувањето

Ако непосредно пред облекувањето на телото нанесете миризлив лосион, вашата облека ќе го задржи тој мирис и во наредните денови. Вреди да се испроба!

5. Пронајдете го својот парфем

Постојат жени кои имаат свој омилен парфем и секогаш го нанесуваат истиот мирис, а тој им дава посебен печат. Ако секогаш нанесувате ист парфем, ќе станете препознатливи по него секогаш кога ќе влезете во просторијата.

Прочитајте и...  Муза на Хичкок и принцеза на Монако: Модната икона Грејс Кели која се откажа од актерството во врвот на кариерата! (ФОТО)

6. Правилно нанесете го парфемот

Ако веќе сте го пронашле својот совршен мирис, тогаш треба да знаете како правилно да го нанесете. После нанесувањето парфем на клучните точки, напрскајте во воздухот и поминете под замислениот облак од парфем. Немојте да прскате од парфемот директно на вашата облека, бидејќи тоа може да создаде дамки. Дури и кога парфемот ќе престане да се чувствува на вашата кожа, вашата облека и понатаму ќе мириса убаво.

7. Држете го гардероберот отворен

Гардероберите понекогаш имаат чудни мириси, посебно во лето. Затоа е важно редовно да се проветруваат, а почесто во летните месеци. Исто така, во гардероберот можете да ставите миризливи вреќички кои може да ги пронајдете во маркетите.

Прочитајте и...  Ријана со остри критики од фановите: Како можеше да не лажеш сите овие години? (ВИДЕО)

Прочитај повеќе

Српската пејачка Дара Бубамара вози 100 km/h низ град и снима! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Карантинот не и донесе вишок килограми: Марјана Станојковска „пука“ од сексапил во бикини! (ФОТО)

Васко Спасоски

Пирс Броснан (67) без маица: Зошто жените се уште лудуваат по него?! (ФОТО)

Слободен печат

Не си играјте со нивните нерви – Лицата родени во овој хороскопски знак не простуваат неверство

Слободен печат

И легендарниот Жељко Бебек овој август доаѓа во Охрид! 21-ви август, Антички театар

Џони Деп онесвестен со истурен сладолед врз него: Амбер Хард објави шокантна фотографија од поранешниот сопруг

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Ѕвездата од Јутјуб почина во осмиот месец од бременоста, обожавателите се во шок! (ФОТО)

Васко Спасоски

Мамо, ти благодарам за сета љубов! Ќерката на Џон Траволта се прости од мајка си со зборови кои го кршат срцето

Еспресо

Неколку месеци не можеа да ги „уловат“ заедно: Меган и Хари сликани во Беверли Хилс – Нема ниту трага од претходниот гламур (ФОТО)

Слободен печат

Ова е сестрата на Цеца Ражнатовиќ, проценете сами дали си личат! (ФОТО)

Васко Спасоски

Коронавирусот финансиски го исцеди: Роберт Де Ниро ќе заработи максимум 7,5 милиони долари!

Слободен печат

Анабела за Луна Џогани: Веќе немаме контакт, чувствувам дека ја изгубив! (ФОТО)

Васко Спасоски