Мали технички проблеми на дел од избирачките места

Локални избори 2021 - Фингерпринт Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Мали технички проблеми се јавиле утринава на дел од избирачките места, соопшти портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска, во изјава за Телма во утринските вести.

Проблемите најмногу се однесуваат на уредите за биометриска идентификација, поточно неможноста во уредот да се логираат претседателите на избирачките одбори.

Но, со техничка поддршка проблемите брзо се надминале и гласањето почнало навреме, а досега тече непрекинато.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот